Достава и плаќање



Понудата и цените на нашиот сајт се ажурираат на дневно ниво. Сите цени се искажани во денари со вклучен ДДВ. Продавачот го задржува правото на промена на цената, ако не е поинаку наведено (во случај на акција и специјални попусти). Цените важат во моментот на креирање на нарачката и имаат дејство и валидност и за следниот период. Наведените цени важат само за купување преку Интернет продавницата и истите можат да се разликуваат од цените во малопродажните објекти.


Производите порачани преку www.insoles.mk webshop-от се испраќаат во рок од 1 до 3 работни денови од моментот на прием на нарачката. Во случај на голема заинтересираност и побарувачка на артикли кои се наоѓаат во Вашата кошничка, ако бараниот артикл не може да биде испорачан поради ограничената залиха од истиот, ќе бидете телефонски контактирани.


Пратките без оставени лични податоци и податоци за контакт (телефонски број или важечка адреса) не се испорачуваат, бидејќи не се прифаќаат од службите за достава.За пратки пратени во петок, испораката се врши следниот понеделник. Ако нарачката сте ја испратиле во петок, пратката ќе Ви ја испратиме од понеделник. Испораката на пратки ја врши партнерска курирска служба. Трошокот на достава изнесува 160 денари. Испораката на производи се врши исклучиво на територијата на Република Македонија.


Курирот двапати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку првиот пат испораката не биде успешна курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кои сте го оставиле при нарачувањата и со Вас ќе договори нов термин за испорака. Доколку ни тогаш испораката не биде успешна, пратката се враќа назад во Компанијата и ние ќе Ве контактираме како би можеле да ја констатираме причината за враќањето и да договориме повторно испраќање.


При превземањето на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постои некое видно оштетување. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ. Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно преземете ја пратката и потпишете му на курирот.


Вашата нарачка можете да ја платите при превземање.Плаќање при преземање подразбира плаќање во готово при преземање на пратката.

БЕСПЛАТНА достава за нарачки над 1000 ден.

Достава за 48 часа

Словачки квалитет