Оваа влошка, посебно помага во случај на пократка нога и проблеми со уморни стапала, бидејќи го намалува болното чувство при одењето, а при тоа, го изедначува товарот на глуждот и коленото. Делот покриен со мека јагнешка кожа (1) заедно со делот од карбосан пената (2), кој е поставен на петата имаат улога да ја отстранат болката при целосно газење на стапалото. Тоа вклучува самолеплив слој против лизгање (3) кој ја одржува целата стабилност.